Партерно уредување околу спортскиот комплекс

Вчера во кабинетот на градоначалникот на општина Крива Паланка г.Алексовски беше презентиран проектот за Партерно  уредување на просторот во рамки на спортскиот комплекс, изработен од страна на фирмата Параметар- ДООЕЛ од Скопје.

Проектот предвидува поголем број на спортски содржини  во рамки на спортскиот комплекс како и реконструкција и подобрување на постоечките содржини. Предвидена е изградба на мини голф терен, скејт парк, помошни патеки, трибина кај мултифункционалното игралиште, трибина кај фудбалското игралиште, тротоар покрај кејскиот ѕид, поставување на  урбана опрема и хортикултурно уредување.



Големина на фонт
Контраст