Потпишан договорот за изградба на девет улици и мостот во Куков Дол

Денеска во просториите на Oпштина Крива Палaнка од страна на градоначалникот Арсенчо Алексовски и фирмата изведувач „Карпош“ АД од Скопје беше потпишан договорот за изградба и реконструкција на девет улици (Никола Тесла-лев крак, Дивјанска, Биљинска, Осоговска-два крака, Наско Тамбурков, Климент Охридски, Горан Стојановски и реконструкција на две постоечки улица Никола Тесла и Пиринска) и мостот во Куков Дол.

Проектот опфаќа изградба на 7 улици со соодветни горни слоеви (нов тампон слој и нов асфалтен слој) и реконструкција на две постоечки улици како и изградба на нов мост преку „Куков Дол“  за да се обезбеди подобра сообраќајна комуникација меѓу урбаната област Лозаново и централниот дел на градот.

Градоначалникот Алексовски истакна дека од понеделник ќе се започне со подготвителни работи за воведување во работата со што би се интензивирала работата на терен.

Краен рок на завршување е јануари 2014 година.


Големина на фонт
Контраст