Промовиран најновиот роман на Гоце Ристовски

SemiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” Name=”Colorful Grid” />

Вчера во просторот на ЛУ Градски музеј – мала сала се одржа промоција на книгата „Врамување во пустелија“ од авторот Гоце Ристовски. Промотори на книгата беа г.Страшо Милошевски и г.Трајче Кацарев, кои на неверојатно искрен, аналитички и провокативен начин го раскажаа своето видување за делото.

„Врамување во пустелија“ е најновиот роман од Гоце Ристовски, писател, преведувач, литературен и театарски критичар, новинар и публицист. По својот карактер романот можеби најмногу може да се класифицира како психолошки, но има удел и документарното па, од тој аспект, претставува и обид за преслика на ентузијазмот и револуциите во втората половина на дваесеттиот век и почетокот на новиот милениум, но и на разочарувањата, диктатурите – вечните човекови трепети и предизвици на модерното време и односот поединец – општествената реалност. Се работи за литературна фикција, за дело кое се обидува да ја поништи категоријта време, преиспитувајќи ја суштината и значењето на уметничкиот творечки чин, тргнувајќи притоа од две значајни македонски драмски дела „Црнила“ и „Суд“ од Коле Чашуле, истакната вертикала во македонската современа литература.

Авторот Гоце Ристовски се заблагодари за гостопримството на домаќините и истакна дека мотив и инспирација за своите литературни остварувања наоѓа во сеќавањата од детството поминато тука во Крива Паланка и објаснувајќи го принципот на привлекување и блискост, авторот најдиректно укажа дека природните врски кои секое човечко суштество ги носи во себе, се толку постојани и јасни, како и принципот на водата, која не ја менува стуктурата туку само својствата.

Голема чест и задоволство е, што ни се укажа можност, нашиот сограѓанин Гоце Ристовски токму тука во родното место за прв пат да го промовира своето најново литературно остварување, а особена гордост е фактот што кривопалнчани имаат вакви успешни и креативни сограѓани-истакна градоначалникот Арсенчо Алексовски.