Летна школа за архитектура 2009 година

Во конаците на древното македонско светилиште од 12 век „Свети Јоаким Осоговски“, кај Крива Паланка на 12 јули  почна со работа 18. сесија на традиционалната меѓународна „Летна школа за архитектура 2009 година“.

На овој меѓународен традиционален архитектонски камус во „Сарандопорски“ годинашната тема е „Архитектонски приказни за Крива Паланка и Кривопаланечко“.
На летната школа учествуваат ментори и студенти од Македонија, Романија и Холандија под раководство на еминентниот архитектонски професор од Холандија, Класке Хавик.

Делата создадени во „Свети Јоаким Осоговски“ ќе бидат изложени во галеријата во Центарот за култура на 18 јули годинава.

Покровители и организатори на школата се Министерството за образовани и наука и Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје.

Извор:МИА