Конституиран новиот Совет на општина Крива Паланка

emiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” QFormat=”true” Name=”Strong” /> Во петокот во големата сала на општина Крива Паланка се одржа првата конститутивна седница на Советот на општина Крива Паланка, на која претседателот на Општинската изборна комисија, Георги Ристовски ги додели уверенијата на членовите на Советот за мандатот 2013-2017.

Со седницата претседаваше најстариот избран советник Каранфилко Станковски. На седницата беа верификувани мандатите на членовите на Советот за наредните четири години.

Советот на Општина Крива Паланка брои 19 членови, од кои 9 се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, 8 од СДСМ и „Сојузот за иднината“ и 2 од ДОМ.

За претседател на Советот за наредниот четиригодишен мандат е избран Борче Стојчевски.


Големина на фонт
Контраст