Млади маркетинг лидери претстојуваат во Крива Паланка

emiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” QFormat=”true” Name=”Strong” /> Денеска во просториите на општина Крива Паланка се одржа презентација на потенцијалите со кои располага општината во насока за развој на економијата пред се туризмот како една од стратешките определби на Општината. На презентацијата присутвуваа 37 млади маркетинг лидери од Романија, Унгарија, Бугарија, Албанија, Црна Гора и Македонија кои претстојуваат во Крива Паланка во рамките на проектот „Млади маркетинг лидери“.

Основна цел на проектот е продлабочување на маркетинг знаењата преку подобро взаемно претставување и информирање во функција на директно поврзување на економиите на државите – учеснички во проектот. Проектот е подржан од Европската комисија, а го спроведува Асоцијацијата за истражување, едукација и развој „Маркетинг порта“.

Свое обраќање пред присутните имаше и градоначалникот Алексовски кој им посака пријатен и успешен претстој во Крива Паланка, а исто така ја изрази и поддршката на Општината во развојот и имплементацијата на ваквите иницијативи.


Големина на фонт
Контраст