Отворена изложбата на народни носии, везови и накит од Кривопаланечко

SemiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” Name=”Colorful Grid” />

emiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” QFormat=”true” Name=”Strong” />

Денес во просториите на Градски Музеј во Крива Паланка беше отворена изложбата на народни носии, везови и накит од Кривопаланечко. Изложбата е во рамки на манифестацијата Крива Паланка – Град на културата 2013, а во организација на НУ Центар за култура и Општина Крива Паланка.

Поздравен говор на отворањето на изложбата имаа координаторите на Организациониот одбор г.Драган Величковки и г.Александар Рангелов, како и градоначалникот, а воедно и претседател на манифестацијата Крива Паланка – Град на културата 2013.

Културното наследство и богатството што го поседуваме е благослов, но и обврска што се поставува пред нас со цел да го истражиме, сочуваме и достојно да го презентираме, бидејќи на тој начин учествуваме во развојот на универзалните цивилизациски вредности и си обезбедуваме неоспорна културна идентификација – истакна градоначалникот Арсенчо Алексовски.



.

Големина на фонт
Контраст