Прием за успешните кошаркари и каратисти

Денес  во големата сала при Општина Крива Паланка, градоначалникот Арсенчо Алексовски, во свое лично име и во име на општинската администрација  им ги честита успесите на нашите кошаркари и каратисти.Тој го изрази  своето големо задоволство за нивниот труд и постигнати  резултати  и ја потенцира заложбата и подготвеноста на Општината континуирано да дава свој допринос во постојаното унапредување на сите спортови.

-Впрочем за тоа зборуваат и нашите дела, изградбата на долгоочекуваната спортска сала, на задоволство на сите спортисти кои сега ги добија најсовремените услови за спортување, тренинзи и одржување на разни спортски манифестации – рече градоначалникот Арсенчо Алексовски и ги покани присутните на коктел, подготвен во чест на големите успеси на нашите млади спортисти.

Големина на фонт
Контраст