ХХХI регионален натпревар по математика за учениците од основно образование

На 30.03.2013г. во ООУ „Јоаким Крчовски“ во Крива Паланка се одржа XXXI регионален натпревар по математика за учениците од основно образование. На натпреварот учествуваа ученици од ООУ „Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка, од ООУ „Илинден“ од Крива Паланка и од ООУ „Х.Т.Карпош“ од Ранковце. Се натпреваруваа вкупно 49 ученици-математичари од IV до VIII одделение.

Според постигнатите резултати на учениците, ООУ „Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка ги зазеде првите места во генерациите од V одд. и VI одд. Прво место освоија учениците: Срѓан Димитровски од V-1 одд. чиј ментор е Елизабета Стојановска и ученикот Александар Тасевски од VI одд. чиј ментор е Гордана Ивановска. Освен нив со пофалници се здобија и Милана Митовска V-4 под менторство на Биљана П. Антовска и Наум Михајловски VII одд. под менторство на Благица Колевска.

Од ООУ Илинден први места имаат во генерациите IV и VII осумгодишно со учениците Сара Станковска (пофалница) и Ана Марија Стојановска под менторство на Слободан Јакимовски и Снежана Златковска.

Исто така и ООУ Х.Т. Карпош  се здоби со две први места во седмо деветгодишно и осмо одделение со учениците Даниела Тодоровска и Тијана Додевска под менторство на Милка Петковска и Игор Николовски.

Овие натпревари се организираат со цел да иницираат поголем интерес за математиката кај учениците, да ги продлабочат математичките знаења, да развиваат натпреварувачки дух и да се развива другарството помеѓу учениците.

Учениците и наставниците од ООУ ,,Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка со задоволство учествуваат на натпреварите и со гордост зборуваат за постигнатите резултати.


Големина на фонт
Контраст