Продолжува соработката со Самбрвил

Градоначалникот на Самбрвил, г.Жан-Шарл Луперто, во писмото упатено до градоначалникот г.Арсенчо Алексовски ја истакнува својата заложба за продолжување на соработката во насока на исполнување на обврските од потпишаната Повелба за пријателство.

Господине Градоначалник,

Драг колега,
Почитуван г.Арсенчо Алексовски,

По завршувањето на локалните избори, следува продолжување на веќе започнатите  локални настани и случувања. Јас сум веќе  во можност со своите активности да се свртам кон Вас за да  и дадеме поголемо значење на Повелбата за пријателство што заедно и со задоволство ја воведовме во нашиот општински законодавен дом од 2006-2012.Пред се, Ви се заблагодарувам за честитките што љубезно ми ги испративте утредента по објавувањето на изборниот резултат од локалните избори кои ми овозможија да ја продолжам мојата мисија во својство на градоначалник  на Самбрвил.

Како што истакнав претходно, мојата намера е сериозно да пристапиме кон спроведување на определбите од потпишаната Повелба за пријателство со цел да ги задоволиме очекувањата на нашите заедници.

Госпоѓа Александра Величковска од Самбрвил,  не информираше за претстојните локални избори на 24 март. Ние очекуваме дека повторно ќе ја добиете поддршката на граѓаните со оглед на вашата енергија и посветеноста на работата што е гаранција дека резултатот ќе биде согласно вашите очекувања.

Дополнително ќе ве информираме за нашата посета  со г. Никола Думонт, заменик-градоначалникот, задолжен за збратимувањето.

Почитуван Градоначалник, уште еднаш ви ја потврдувам мојата поддршка за Вашата кандидатура за градоначалник на Општина Крива Паланка.

Самбрвил, 11 март 2013


Градоначалник
Жан-Шарл Луперто

Големина на фонт
Контраст