Честитка од градоначалникот на Лугој

Градоначалникот на Лугој, г. Франсис Болдеа, упати честитка до градоначалникот г.Арсенчо Алексовски, по повод неговиот реизбор за градоначалник на Општина Крива Паланка.

Почитуван Градоначалник и Пријател,

Најнапред  сакам да Ви честитам на Вас и на граѓаните на Крива Паланка.  Ја примив со голема радост веста за вашиот повторен избор  за градоначалник на Крива Паланка. Сакам да Ви честитам во оваа прилика и да ви посакам новиот мандат да ви биде исполнет си успеси и постигнувања.  Јас сум убеден дека вашето искуство е силна гаранција дека локалните проекти, како и надворешните ќе продолжат за доброто на граѓаните на Крива Паланка.

На крај се надевам дека пријателството помеѓу нашите општини ќе продолжи да се развива и дека ќе успееме да имплементираме успешни проекти за нашите заедници.

Ви посакувам добро здравје.

Со почит,

Проф.инг. Франсис Болдеа

Градоначалник на Лугој

Големина на фонт
Контраст