Посета на делегација од Крива Паланка на Вршац

Во петок 03.07.2009 година, Општина Вршац ја посети градоначалникот на Општина Крива Паланка со соработниците.

Делегацијата од Македонија беше примена од заменик претседателот на Општина Вршац Мирко Добросављевиќ, заменик претседателот на Собранието на Општина Вршац Бранислава Лучиќ и членот на Општинското собрание задолжен за земјоделство Бојан Мандиќ.

Состаноците беа посветени на размена на искуства и воспоставување на уште поблиска соработка помеѓу овие две општини. Покрај другото, причина за посетата на братскиот град беше и учеството на макеедонските фолклорни групи на „Вршачки венац“.

Општините Вршац и Крива Паланка од 27 декември 2008 година се збратимени општини.

Превземено од http://www.vrsac.com/system/sr-latin/home/newsplus/viewsingle/_params/newsplus_news_id/13854.html

Големина на фонт
Контраст