Недела за безбедно користење на интернет – Кампања Get Online Week

Во периодот од 18-24-ти март, Општинското основно училиште „Илинден“ се вклучи во европската кампањата Get Online Week, која има за цел да го поттикне користењето на компјутерската технологија и интернет, за сите граѓани рамноправно да уживаат во придобивките од новиот дигитален свет.Здружението „Отворете ги прозорците“ трета година по ред е национален координатор на кампањата во Македонија. Оваа година,  здружението  ќе ја промовира дигиталната инклузија во соработка со повеќе училишта, јавни институции, граѓански организации и медиуми.

ООУ „Илинден“ во соработка со Општина Крива Паланка беа дел од оваа кампања со организирање на предавања на тема „Интернетот, придобивките и ризиците од него“. Имено одделенските наставници Живка Стоилковска и Добри Јовевски ги запознаа учениците од сите образовни институции во општината,  училиштата и ученичкиот дом, како и  што претставува оваа кампања, кои се придобивките од постоењето на дигиталниот свет и како да се вклучат во неа, пополнувајќи анкета преку Европскиот дигитален бројач.

Оваа година кампањата има посебен фокус на младите кои со соодветно користење на интернетот допринесуваат за нивниот понатамошен личен и професионален развој.


Големина на фонт
Контраст