Средба со писателот Горјан Петревски

На ден 27.03.2013 г. во ОУ Јоаким Крчовски (мала сала), пред  многубројната публика се одржа средба со писателот Горјан Петревски.Оваа средба е дел од активностите кои се испланирани во рамките на манифестацијата „КРИВА ПАЛАНКА –ГРАД НА КУЛТУРАТА 2013“.

Горјан Петревски е писател со ретка дарба чии книги (романи и раскази) привлекуваат големо внимание на читателите и побудуваат голем интерес. Најчесто тое е поради неговата непосредност, лирските нијанси во делата како и поради чувствата што се раѓаат кај младите, првите љубови.

Писателот Горјан напишал голем број дела меѓу кои можат да се наведат следниве наслови: „Гороцвет”, „Татковите солзи”, „Татковата прва љубов”, „Пролетни дождови”, „Споменка”, „Марта”, „Снеговите на Климентина Евин” и др. Покрај неговите книжевни дела крај името на Горјан Петревски стојат и телевизиски серии како: „Црвено, жолто, зелено”, „Баснодром” (куклени серии) и др.


Големина на фонт
Контраст