Санација на ударни дупки

Општина Крива Паланка  започна со санација на ударните дупки на подрачјето на општината согласно предвидената динамика. Така во периодот од 18 до 22 март извршено е  спремање  на оштетените површини со машина „WIRTGEN“, а првиот асфалт се вгради на улица „Македонска“, каде беа санирани 900 м2 оштетен асфалт.

Акцијата на општината беше добро прифатена од месното население бидејќи улицата „Македонска“ беше една од најоштетените улици на која во последните 20 години немало санирање  на оштетени површини  од ваков обем. Активностите продолжуваат и во наредните денови.


Големина на фонт
Контраст