Поклонение на Свети Теодор Тирон

[embpicasa id=”5859284117876557585″]

Во чест на празникот Свети Теодор Тирон, на 24 март, неколку стотици граѓани го исполнија дворот на цркавата Св. Теодор –Тирон во село Конопница. Веселите лица, колоритот на народните обичаи и ритуалот на поклонението предизвикаа многубројни воздишки, евоцирање на спомени за едно дамнешно време, за една моминска младост која денес веќе ја добила улогата на мајка, баба или прабаба.

Корените на традицијата ја покренаа возбудата и восхит во бранови налик на самиот чин на поклонението, небаре целокупната позитивна енергија за човековиот опстој за момент се собира во свеченото одбројување на завуците на камбаната што го означуваат стартот на свеченото дефиле. Моментот кога се упатува благословот и добрите желби упатени од свештенослужителите се чини дека се врежува не само на самото свето место туку и во наредните поколенија изразено како желба за продолжување на семејната лоза.

Протојереј-ставрофор Добрислав Бошковски го одржа словото за светиот Теодор –Тирон, делови од житието на светецот,неговото значење, заслуги за заштита на христијанството како  и слава што ја стекнал како закрилникот за родот, породот, здравјето и блосостојбата на сите младенците.

Потоа  следуваше кратко обраќање на инцијаторот и возобновувач на манифестацијата, г.Стојанче Величковски, кој се заблагодари на  месното население, месната заедница, МПЦ, општина Крива Паланка и сите поддржувачи на манифестацијата и кратко се  осврна  за значењето на манифестацијата и нејзиниот понатамошен развој како туристички бренд. Во својство на иницијатор и креатор тој го промовираше Меѓународниот конкурс за карикатаура, кој се реализира под покровителство на Општина Крива Паланка, а има за цел да ја престави ведрата страна на односот „Снаа-свекрва”.  Конкурсот трае до 29 март, а досега има пријавено  карикатуристи од над 30-тина земји.

Во својот краток говор г-дин Александар Рангелов, директор на Центарот за култура – Крива Паланка,  ја изрази подготваеноста за понатамошна поддршка на манифестацијата.

Градоначалникот г. Арсенчо Алексовски, во својство на покровител, им упати честитка со желби за лична среќа и семејни радости на маладите невевести, учеснички на манифестацијата, посебно ја нагласува важноста на семејниот однос помеѓу снаата и свекрвата и вети дека оваа манифестација наскоро ќе прерасне во меѓународна манифестација, манифестација со која ќе се идентификуваме и годрееме сите кривопаланчани.

По завршување на ритуалот  на поклонението, општонаредната веселба продолжи со водосвет и сечење на колачите на овогодинешните кумови како и дегустација за избор на најдобра сливова ракија и избор на најдобриот посен зелник.

Големина на фонт
Контраст