Кренато Зелено знаме пред ООУ Јоаким Крчовски

На 21 Март 2013 година,  Денот на екологијата, пред училиштето Јоаким Крчовски од Крива Паланка, беше кренато Зеленото знаме, во знак на добиениот статус на Еко-училиште. За успешна реализација на Еколошката програма, активно се вклучија сите наставници, ученици, Советот на родители, Локалната самоуправа, локално комунално претпријатие, локалните медиуми, како и локалната бизнис заедница. Исто така, училиштето  соработува со Светската фондација за еколошка едукација, националниот оператор за сите програми во нашата држава, ОХО, Министерството за образование и наука на Р Македонија, како и Швајцарската агенција за развој и соработка.

Свеченоста беше пропратена со кратка приредба,  подготвена од учениците од нашето училиште, како и кратко обраќање на директорот на училиштето г. Драган Ристовски и градоначалникот г.Арсенчо Алексовски. Сега училиштето е едно од 37-те училишта кои се препознатливи на светско ниво на кои им се нуди различна можност  и начин за соработка со други училишта, како во државата, така и надвор од неа.

 

Големина на фонт
Контраст