Пуштена во употреба нова спортска сала, дел од владиниот проект

Вчера свечено беше отворена новоизградената спортска сала „Петар Поп Арсов“ во Крива Паланка, на која присуствуваа градоначалникот на општина Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и директорот на Агенцијата за спорт, Лазар Поповски. Градоначалникот Алексовски изрази задоволство што токму за време на неговиот мандат е изградена оваа спортска сала.

[embpicasa id=”5858092773189210913″]

– „ Сите градоначалници досега ветуваа веќе 22 години дека ќе изградат спортска сала во Крива Паланка, но вистината е дека спортската сала е изградена токму во моментот кога јас сум градоначалник и тоа е моја гордост “, – рече градоначалникот Алексовски.

На свеченото отворање на спортската сала присуствуваа и пратеникот од собранието на Р. Македонија, Веле Ѓорѓиевски, претседателот Борче Стојчевски на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Крива Паланка, поранешниот пратеник, Оливер Алексовски, кандидатите за советници, раководители, директори, општинската и државната администрација како и голем број на гаѓани и сите членови на спортските клубови и тренери од општина Крива Паланка, каде сите го изразија своето задоволство за изградба на овој спортски објект.

Ова е модерна спортска сала во која најмладите ги имаат најсовремените услови за спортување и развој на сите спортови. Овој објект е изграден по најсовремените стандарди и ќе го користат и спортските клубови за свои тренинзи, рекреација, како и за разни спортски  манифестации.

Големина на фонт
Контраст