Бронзен медал за македонските пинпонгари

Пингпонгарите на Македонската репрезентација Кристијан Станојковски и Живко Апостоловски го освоија бронзениот медал на 17-то Балканско првенство во пинг-понг за млади, кое се одржа во Врњачка Бања. Станојковски и Апостоловски го зазедоа високото трето место во двојки, во категоријата кадети, во конкуренција на пингпонгари од 7 балкански земји.

Во одлучувачкиот меч, тие ја победија двојкатата од Романија со максимален резултат од 3:0. Ова е втор медал за Македонија на Балканските првенства. Минатата година со бронзен медал се закити и пингпонгарката Амелија Уце, што беше и воопшто првиот медал за нашата држава освоен на Балканско првенство. На овогодишното првенство во Врњачка Бања, нашата репрезентација настапи со 13 пингпонгари во машка и женска конкуренција, во категоријата кадети и јуниори.

Големина на фонт
Контраст