Одржана промотивна прес конференција за манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата 2013“

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Арсенчо Алексовски и организациониот одбор за реализација на манифестацијата ,,КРИВА ПАЛАНКА –ГРАД НА КУЛТУРАТА 2013“ одржаа прес конференција за медиумите и презентација на Програмата  за овогодинешнешната манифестација.

Присутните медиуми и останатите поканети присутни имаа можност подетално да се запознаат со обемната Програма што беше изготвена од страна на организациониот одбор на манифестацијата, а по добиените предлози од граѓаните. Во Програмата се вклучени настани од сите дејности од обаста на културата.

– Градот цела година ќе ја носи титулата  „Град на културата“ поради понудената богата културна програма, докажаниот ентузијазам, одлична организација и реализација на досегашните кутурни настани во општината, од кои повеќето се со меѓународен и традиционален карактер –  истакна градоначалникот Арсенчо Алексовски. Тој воедно ги покани сите присутни на утрешното свечено  отварање на манифестацијата ,,ГРАД НА КУЛТУРАТА 2013“. На чинот на отварање на манифестацијата најавено е присуство на министерката за култура, Елизабета Канческа –Милевска.

Во текот на годината ќе бидат реализирани вкупно 178 настани – татараски претстави, ликовни изложби, литературни промоции, концерти, филмски ревии и многу други културни содржини.


Големина на фонт
Контраст