Монодрама „Јустинијан Први“ во изведба на Петар Темелковски

Во склоп на манифестацијата „Крива Паланка – Град на култура 2013 година“, во НУ Центар за култура се одржа монодрамата „Јустинијан Први“  во изведба на Петар Темелковски, а  во организација на Општина Крива Паланка и НУ Центар за култура.

Монодрамата  „Јустинијан Први“ е по текст од Јордан Плевнеш и Крива Паланка еден од првите градови во кои е изведена,  после нејзината премиера во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Монодрамата ја претставува последната вечер од животот на Јустинијан Први, еден од најголемите римски императори, кој потекнува од скопски Таор. За неа актерот  вели дека е вистинско задоволство да се пренесе неговиот лик на сцената.


Големина на фонт
Контраст