Отстранети пречките за имплементација на проектот „Водоснабдување и одведување на отпадни води“

На ден 18.02.2012г. градоначалникот Арсенчо Алексовски одржа прес конференција со цел да ги информира медиумите и граѓаните за завршената постапка во разрешувањето на имотно правите односи, кои беа пречка за отпочнување на проекот за изградба на секундарната мрежа за водоснабдување на висока зона на левиот брег на Крива Река и изградба на водоводен систем за водоснабдување на населба Маневци и с. Дурачка Река.

Како што нагласи градоначалникот, активностите на терен ќе започнат во текот на летните месеци и ќе се одвиваат со забрзана динамика се со цел што побргу да се реши овој горлив проблем на граѓаните.

Средствата за овој проект се обезбедени соглсно Договорот за заем по проектот „Водоснабдување и одведување на отпадни води“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 154/10) и на Општина Крива Паланка се распределуваат средства во износ од 1.260.209,00 Евра.

Детални податоци за проекти-водоснабдување на висока зона лев и десен брег

ЛЕВ БРЕГ-главна мрежа

Главен доводен цевковод од фабрика за вода до населба Скрљава е со должина околу 3000 м. и  со полиетиленски цевки PE 100 со дијаметар ND 225 мм.

Предвидени се два резервоара R1 и R2 од кои едниот кај фабриката за вода е веќе изграден, а треба да се изгради другиот со V=350 м3 во нас. Скрљава кој ќе служи и за водоснабдување на с. Конопница.

Број на жители кои ќе се снабдуваат преку овој систем ќе изнесува 2500-3000 во наредниве 30 год.

Вредност на главна мрежа e околу  28.000.000 ден.

ЛЕВ БРЕГсекундарна мрежа

Секундарната мрежа има седум крака кој ќе се одвојуваат преку разделни шахти од главниот цевковод во вкупна должина од околу 2500 м.

Посебно  значаен  е крак 1 кон нас. Маневци и м.в. Змаевац со должина од 1070 м.

Вредноста на секундарна мрежа е околу 7.500.000 ден.

Вкупната вредност на  лев брег е околу 35.000.000 ден.

ДЕСЕН БРЕГ

Вкупна должина на целиот цевковод за снабдување на висока зона –десен брег е околу 3600 м. со полиетиленски цевки со дијаметар 110 мм. Се состои од 5 делници од кои неизградена  е  само делница 5-крак 2 од системот со должина од околу 1000 м.

Вредност на неизградениот дел е околу 3.800.000 ден.


Големина на фонт
Контраст