Состанок на градоначалникот Алексовски со спортистите

На ден 18.02.2013 година во големата сала при Општина Крива Паланка, на иницијатива на Градоначалникот во рамки на неговите редовни работни средби, се одржа состанок со спортистите од Крива Паланка. Во преполната сала на Oпштината присуствуваа кошаркари, одбојкари, пингпонгари, каратисти, тенисери, фудбалери и учесници од сите останати спортови кои се застапени во општината.

За подобрување на спортот и спортските услови, Градоначалникот истакна дека Општината во соработка со Владата на Р. Македонија веќе е во завршна фаза на изградба на новата спортска сала и во најскоро време истата ќе биде пуштена во употреба, а во понатамошниот период ќе биде завршена и започнатата спортска сала кај мотелот Македонија со што Крива Паланка ќе добие две спортски сали.

Градоначалникот на присутните тренери, младинци и деца спортисти им ги честита досегашните успеси кои ги остваруваат во конкретните спортови. Им посака, во понатамошниот период да продолжат со ваквата позитивна пракса за победи, освојувања на медали и други успеси во спортот.

До сите присутни беше упатена покана да достават агенда за одржување на спортски натпревари, како и сугестии и предлози за унапредување на спортот и спортските активности во нашата општина. Воедно беше апелирано дека изградената спортска сала е за доброто на сите и дека сите ние треба максимално да се грижиме салата со сите составни делови и спортски реквизити да биде чувана како лично наша.


Големина на фонт
Контраст