Одбележете го своето постоење во својот роден крај

Почитувани!
Градоначалникот на општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски, Ве повикува на средба (состанок) на ден 14.06.2009 година во 14,00 часот на манастирот св.Јоаким Осоговски.

На средбата се повикани сите архитекти и градежни инжинери кои имаат потекло од Крива Паланка, односно сите оние кои живеат и оние кои се иселени од Крива Паланка, т.е. не живеат во својот роден град.

Целта на оваа средба е да се даде можност на секој градежен инжинер односно архитект да се овековечи во својот роден град со свој проект или објект.

Мотото на оваа средба е: КРИВА ПАЛАНКА ВЕ ПОВИКУВА – ОДБЕЛЕЖЕТЕ ГО СВОЕТО ПОСТОЕЊЕ ВО СВОЈОТ РОДЕН КРАЈ

– Вашето присуство ќе ја збогати оваа средба
– Пристигнување во 13,00 – 14,00 часот

Дневен ред:
1. Воведно обраќање на присутните од страна на градоначалникот Арсенчо Алексовски
2. Избор на координативно тело
3. Дискусија од страна на присутните по иницијативите
4. Коктел

Ве молиме потврдете го Вашето доаѓање, односно недоаѓање на тел. 031-376-480 контакт Добривој Николовски 075 – 258 -559 и 031-375-035 контакт Александар Ангелов 076-448-429.

Со почит кон сите Вас!

                                                                           ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
                                                                                     ГРАДОНАЧАЛНИК
                                                                                   Арсенчо Алексовски

Големина на фонт
Контраст