Градоначалникот Алексовски ги посети пензионерите

Градоначалникот на Општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски, во рамки на своите редовни активности, го посети Кривопаланечкото здружение на пензионери. Оваа средба е во рамките на заложбите и определбите, секој граѓанин на Крива Паланка да даде свој придонес во подобрување на општата состојба во општината.

На средбата, градоначалникот ги поздрави пензионерите и даде кратка информација за сработеното од страна на Општината, за тековните активности, како и за престојните проекти кои се предвидени за реализација во наредниот период.

Поголем дел од средбата беше наменет за прашањата на пензионерите, кои го поздравија се она што досега е сработено и изразија несебична поддршка за реализација на претстојните проекти.

Градоначалникот Алексовски ги повика пензионерите како лица со најголемо искуство, да дадат свои сугестии и предлози за подобрувањена состојбата, кои понатаму ќе бидат разгледани од страна на општината и доколку истите се одржливи и остварливи ќе бидат предвидени за реализација во наредниот период.

Воедно, покрај ваквите активности и средби со градоначалникот и администрацијата, пензионерите добиваат и редовни покани за присуство на седниците на Советот на Општината.


Големина на фонт
Контраст