Ловечкото друштво „Осогово“ на средба со Градоначалникот Алексовски

Ловот е особено значајна гранка која го привлекува вниманието на голем број граѓани  за кои ловството се граничи со опсесија. Согласно значењето на ловството за развојот на локалната заедница и предиспозициите на општината за развој на таканаречениот ловен  туризам, на покана на Градоначалникот на Општина Крива Паланка на ден 06.02.2013, се одржа средба со претставници на ловечкото друштво „Осогово“ од Крива Паланка.

На средбата  се разговараше за завршетокот на ловната сезона како и за тековните проблеми и активности. Претставниците на здружението го поканија Градоначалникот Алексовски да биде гостин на Ловечката вечер која ќе се одржи во сабота на 09.02.2013 година.


Големина на фонт
Контраст