Риболовното друштво „Мрена“ на средба со Градоначалникот Алексовски

Во кабинетот на Градоначалникот на Општина Крива Паланка, г.Арсенчо Алексовски, се одржа средба на Градоначалникот со  претставници на Риболовното друштво  „Мрена“ од Крива Паланка . На состанокот се разговараше за тековните активности и проблеми на здружението, а една од главните теми беше проблемот со каскадите на Крива Река .

Каскадите  биле изградени во водотекот со цел да биде амортизирана силата на водата и централното градско подрачје да биде заштитено од излевање на реката. Но, со решавање на тој проблем се отворил друг проблем, имено поради висината на каскадите попречен е природниот пат на рибите чиешто природно мрестилиште е во вливот на Киселичка Река и Крива Река, со што рибниот фонд значително е намален и загрозен.

На средбата Градоначалникот Арсенчо Алексовски пред присутните ги презентираше главните  карактеристики на основниот проект за регулација на Крива Река , кој е во изработка и кој меѓу другото го решава и проблемот со каскадите. Во однос на ова прашање значајно е да се спомене дека решавањето на проблемот со каскадите беше и една од препораките кои произлегоа од Форумот на заедницата.



Големина на фонт
Контраст