Во Крива Паланка наскоро ЕУ пулт за информирање на граѓаните

Како резултат на успешната соработка на Општина Крива Паланка  и канцеларијата на ЕУ во Република Македонија, наскоро ќе отпочне со работа информативен ЕУ пулт за граѓаните на општина Крива Паланка. Граѓаните ќе можат непречено да го користат секој работен ден, а ќе биде сместен во просториите на општинскиот информативен центар.