Фестивал ГОЦЕ ФЕСТ 2013

На ден 01.02.2013 година, во Центарот за Култура во Крива Паланка со почеток во 20 часот,  ќе се одржи 24-ти по ред ГОЦЕ ФЕСТ. Фестивалот ќе биде со нови родољубиви и патриотски македонски песни со фолклорна мелоритмика и богато историско минато на македонскиот народ. Опејувањето ќе биде со теми поврзани со јубилеите и одбележувањата во 2013 година -110 година од Илинденското востание, 110 години од загинувањето на Гоце Делчев, 120 години од основањето на историското ВМРО и 100 години од поделбата на Македонија во Букурешт.

Големина на фонт
Контраст