Пингпонгарките на ППК„КРИВА ПАЛАНКА“ шампиони

Пингпонгарките од ППК„Крива Паланка“ од Крива Паланка, по завршување на вториот плеј оф, кој се одржа во нашиот град на 31 мај, станаа шампиони на Македонија во сениорска конкуренција.   Со само  еден пораз и со предност од 4 бода пред второпласираната екипа на ППК„Градба промет“ од Кавадарци, тие го освоија првото место во Државната прва лига во пинг-понг за сениорки, за сезоната 2008/2009 година.

За тимот на „Крива Паланка“ настапуваа Дијана Ристовска, Амелиа Уце, Моника Јакимовска и Христина Христовска,  кои истовремено ги освоија и сите останати титули во пионерска, младинска и сениорска конкуренција, поединечно и екипно.
Во машка конкуренција во Државната супер лига, пингпонгарите на „Крива Паланка“ го освоија третото место.

 

01.06.2009

Големина на фонт
Контраст