Во Крива Паланка одблежан празникот Богојавление – Водици

Во организација на Општина Крива Паланка и на Македонската Православна Црква, Епархија Полошко-Кумановска, беше одблежан големиот христијански празник Богојавление – Водици.

[embpicasa id=”5835817677116888817″]

Овој празник е поврзан со крштевањето на Исус Христос од страна на Свети Јован – Крстител во водите на реката Јордан. Самиот чин на фаќањето на крстот го означува соединувањето на човекот со Христа.

Прославата започна со свечена литургија во  црквата Св.Димитрија на која присуствуваа бројни верници. По  литургијата  следуваше чинот на фрлањето на  крстот во водите на Крива Река.

Од многуте пријавени момчиња најсреќен беше Игор Митковски од ул.Ратко Минев, на кој му беше врачен телевизор од страна на Градоначалникот кој им се обрати на големиот број присутни граѓани им го честита празникот и им посака низ целата година да ги следи среќа, здравје и благосостојба.

По завршување на церемонијата на фрлање на крстот во водите на Крива Река граѓаните имаа можност да ги вкусат пивтиите припремени во кујната на Домот за ученици “Боро Менков“, под надзор на искусни готвачи. Инаку манифестацијат Пивтијада се организира по четврти пат од Општината.


Големина на фонт
Контраст