Градоначалникот Алексовски во посета дежурните служби

Во пресрет на новогодишната ноќ на 31.12.2012 г. (понеделник), градоначалникот на Општина Крива Паланка г.Арсенчо Алексовски и претставници од општинската администрација, традиционално  по  четврти пат ги посетија дежурните одделенија на институциите кои се грижат за безбедноста и здравјето на граѓаните, Полициската станица, Територијалната противпожарна единица и Итната медицинска служба.

Градоначалникот  се информираше за подготовките кои овие служби ги имаат направено за да помине се во најдобар ред на дочекот на Новата година и во текот на празничните денови. Воедно, градоначалникот Алексовски им ги честиташе празниците на вработените во дежурните служби и им подари телевизор во знак на внимание, кој ќе им биде добредојден  на дежурните во ноќните смени.


Големина на фонт
Контраст