Здружението на бранители му врачи Благодарница на градоначалникот Алексовски

По повод новогодишните празници, неодмана формираното ново здружение на бранители на чело со претседателот г.Роберт Јанковски организираше коктел на кој му беше врачена Благодарница на градоначалникот г.Арсенчо Алексовски за досегашната успешна соработка.

Покрај членовите на здружението и останатите гости како од Крива Паланка така и од целата држава на коктелот  присуствуваа и  Генералот Зоран Јовановски  учесник во конфликтот во 2001 година, г. Предраг Петрушевски -Бинго еден од бранителите, г.Вачо Тарабунов, познат музичар, како и поранешниот пратеник  во Собранието на РМ г.Оливер Алексовски.

Градоначалникот Алексовски им се обрати на присутните и им посака се најдобро во новата година.


Големина на фонт
Контраст