Градоначалникот им подари новогодишни пакетчиња на најмалите

По повод претстојните новогодишни празници, градоначалникот на општина Крива Паланка, г.Арсенчо Алексовски, заедно со претставници на општинската администрацијата беше во посета на неколку установи.  Градоначалникот им ги честита претстојните празници на најмалите со пригодни новогодишни пакетчиња, а присуството на Дедо Мраз ја надополни празничната атмосфера.

Најпрвин беше посетена детската градинка „Детелинка“ како и градинката Фриц-Аид каде престојуваат деца ромчиња, потоа беше посетен Дневниот Центар за деца со посебни потреби, а на крајот во големата сала на општина Крива Паланка им беа подарени новогодишни пакетчиња на децата од семејства кои се корисници на постојана парична помош до 3 годишна возраст, деца сместени во згрижувачки семејства и семејства кои имаат повеќе од три деца.


Големина на фонт
Контраст