Потпишан купопродажен договор за објектот Кланица АД Малина од Крива Паланка

Во петок на 07.12.2012 потпишан e договор за купопродажба на поранешниот објект Кланица АД Малина од Крива Паланка, помеѓу  пакистанската фирма Џонсон Филипс Агро и Шпаркасе банка.Пакистанската компанијa плaнира веднаш  да започне со изградба на уште два нови погона за преработка на месо и за  преработка на овошје и зеленчук.

Заради купување на земјиштето и реализирање на предвидените инвестиции, пакистанската компанија Џонсон Филип Агро поднесе барање до општина Крива Паланка за изработка на урбанистичко планска документација за уцртување на двата објекта.

Како што кажа градоначалникот Арсенчо Алексовски, оваа инвестиција е дел и од неговата изборна програма од 2009 година во делот на рестартирање на постоечките капацитети и привлекување на странски инвестиции.

Големина на фонт
Контраст