Се уредува просторот околу СОУ Ѓорче Петров

Средното општинско училиште Ѓорче Петров во последните години превзема низа активности за подобрување на условите за работа во училиштето. Во таа насока извршена е замена на целата столарија, замена на целокупната електрична инсталација, замена на старите светилки со нови поекономични штедливи светилки, а  исто така беше  реновирана и училишната спортска сала. Училиштето доби нов изглед со поплочување на училишниот хол, беа инсталирани и камери со што е зголемаена безбедноста на учениците и вработените.

Покрај уредување на училишниот двор во тек е реализација на проектот со кој се уредува северната страна на училиштето каде во тек  е изградба на потпорни зидови и партерно уредување на просторот со што учениците ќе добијат ново катче за дружење за време на одморите.


Големина на фонт
Контраст