Нови 3 милиони евра за погранична соработка со Бугарија

Околу 3,1 милиони евра се предвидени за реализација на проекти со новиот повик за финансиска поддршка од Програмата за погранична соработка меѓу Македонија и Бугарија, кофинансирана од Инструментот за претпристапна помош (ИПА).

Министерството за регионален развој на Бугарија во соработка со Министерството за локална самоуправа на РМ го објави повикот за предлог-проекти кои треба да се однесуваат на една од двете приоритетни оски – економски развој и подобрување на квалитетот на животот.

Kрајната цел на програмата е да го зголеми капацитетот на локалните и на регионалните власти во развојот и спроведувањето заеднички проекти во прекуграничните области на Благоевград и Ќустендил од Бугарија и североисточниот, источниот и југоисточниот регион од Македонија. Kрајниот рок за поднесување на предлог-проектите е 4 март 2013 година.

Повеќе информации на www.ipa-cbc-007.eu/mk/

Извор: Дневник

Големина на фонт
Контраст