Студиска посета за управување со отпад во Брисел , Кралство Белгија

Во перод од 28 до 30 ноември 2012 година претставници односно членови од Стручната служба на регионалниот одбор за управување со отпад во Источниот плански регион со седиште во Пробиштип и Стручната служба на регионалниот одбор за управување со отпад во Североисточниот плански регион со седиште во Куманово беа во студиска посета за управување со отпад во  Брисел,  Кралство Белгија.

Општина Крива Паланка учествуваше со свој претставник кој воедно е и член на Стручната служба на регионалниот одбор за управување со отпад во СИПР.

На оваа студиска посета покрај претставници од Република Македонија, присуствуваа и учесници од Западниот Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Црна Гора и Србија).

Студиската посета беше во организација на  Европската Комисија-ТAIEX.


Големина на фонт
Контраст