Кривопаланечките пожарникари на обука во Велика Британија

Во период од 17 ноември до 1 декември 2012 година, двајца пожарникари од ТППЕ од Крива Паланка, Иле Коцевски-Командир на ТППЕ и Сашо Јакимовски- Командир на Одделение, учествуваа на специјализирана обука за инструктори во центарот за обука Северин Парк во Авонмаунт во близина на Бристол, Велика Британија.

Обуката беше организирана од страна на Операција Флориан и компанијата Бабок од Велика Британија и се состоеше од  двонеделен практичен дел кој ги опфати следните курсеви:

1.Курс за инструктори за aпарати за дишење

2 Курс за инструктори за сообраќајни незгоди

3.Курс/обука за техничар за урбано пребарување и спасување

Преостанатиот дел од обуката ќе се изврши во Македонија во месец мај 2013 година.


Големина на фонт
Контраст