Спортски активности во ученичкиот дом „Боро Менков“

Во рамки на Лигата на домовите на Р.Македонија, средношколците сместени во ОУД „Боро Менков“ Крива Паланка, во текот на месец ноември учествуваа на два регионални натпревари. Фудбалскиот тим од домот учествуваше на регионалните фудбалските натпревари, каде домаќини беа ОУД „Лазар Лазаревски“ од Велес, но не успеа да се квалификува за учество на државните натпревари во рамки на манифестацијата „ДОМИЈАДА“.

Забележано беше и учеството на екипата на машките пинг-понгари во ученичкиот дом „Партение Зоографски“ во Скопје, а од учеството на државните натпревари ги делеше само една победа.

Создавањето на спортската традиција во домот е предизвик  и без разлика на моменталните неуспеси, учениците со поддршка на одговорните воспитувачи и раководството на домот и понатаму ќе продолжат да тренираат во повеќе спортски дисциплини.


Големина на фонт
Контраст