Презентација на бизнис адресар со интеркативна мапа „ЕПАЛАНКА“

Вчера, во просториите на Општина Крива Паланка, се одржа презентација на бизнис адресар со интерактивна мапа,  ЕПАЛАНКА. На презентацијата,  која ја водеа  реализаторите на овој проект м-р Ангелчо Ристовски и дипл.инж Тони Јовевски, присуствуваа претставници од бизнис секторот  кои  беа запознаени со можностите и услугите што ги нуди проектот.

Сите заинтересирани субјекти ќе добијат свој простор на мапата како и изработка на веб страна со поддомен на epalnka.  На мапата, исто така, ќе бидат означени и културно-историските знаменитости, со цел да се промовира и унапреди туризмот во општината.

Овој проект, кој е прв од ваков вид во Република Македонија,   го поддржа и градоначалникот на општина Крива Паланка, г.Арсенчо Алексовски, кој ја отвори презентацијата  и воедно ги поздрави присутните гости.