Карате Клубот „Шампион“ продолжува со успешните настапи

Карате Клубот „Шампион“ од Крива Паланка изминатиот викенд настапи на Mеѓународниот меморијален турнир „Никола Градановски-Нике“ во Скопје на кој настапија натпреварувачи од Србија,Бугарија и Македонија. Нашиот клуб настапи со седум натпреварувачи  кои ги постигнаа следните резултати:

-Борислав Стојковски -1 место борби категорија јуниори над 76 кг.

-Абел Салимовски-3 место борби јуниори -76 кг.

-Марија Спасовска-2 место борби кадетки -54 кг.

-Милена Стојановска -2 место борби девојки 2002 год.-45 кг

Големина на фонт
Контраст