Одржана стручна расправа по Нацрт-Генералениот урбанистички план за Крива Паланка

По повеќе од две децении  Општина Крива Паланка е на добар пат да добие Генерален урбанистички план што ќе одговара на потеребите на граѓаните.На 09.11.2012 година се одржа стручна расправа по Нацрт-Генералниот урбанистички план за Крива Паланка.Покрај одговорните на расправата присуствуваа и голем дел од заинтересираните граѓани од Крива Паланка.

Изработката е дело на Агенцијата за просторно планирање и кумановската фирма Урбан Гис.

Еден од инжинерите од фирмата Урбан Гис, Александар Гелевски , објасни дека ГУП во хиреархија на урбанистички палнови претставува највисок тип на план кој се донесува на ниво на еден град.

Генералниот  урбанистичкиот план ,согласно законската регулатива, има плански период од 10 години. За Крива Паланка е донесен од 2011 до 2021 година каде границата на ГУП ја дефинира границата на градот. Со овој план се предвидува проширување на градот и се предвидува  градот  да зафаќа површина околу 615 хектари, а во него е  вградена новата траса на железничката пруга кој поминува низ градот Крива Паланка  и е дел од кооридорот осум.

Големина на фонт
Контраст