Еко акција во ООУ Јоаким Крчовски

На ден 07.11.2012 година, ООУ „Јоаким Крчовски” од Крива Паланка го одбележа Денот на акција под мотото „Да ја разубавиме нашата околина“ со следниве активности: еко работилници во училиштето, дефиле под еко маска низ главната улица на градот и засадување на садници во училишниот двор.