ТППЕ Крива Паланка доби уште едно противпожарно возило

Со напори на општината, Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка доби уште едно противпожарно возило, марка Mercedes unimog 1300. ПП Возилото е донација од Противпожарната единица Јарбо во состав на ПП бригадата од Гевле, Кралство Шведска. Возилото е наменето за шумски пожари и е опремено со резервоар за вода од 800 литри, моторна пумпа Албион 200, опрема за гасење на пожари, опрема за сообраќајни несреќи (електрични клешти и ножици), противпожарни црева, меѓумешалка и млазници за пена.

За трочлената екипа, која го донесе ПП возилото, спроведена е и обука за ракување со опремата.

Со ова продолжуваат активностите на Општина Крива Паланка за модернизација на ТППЕ Крива Паланка со возила, опрема како и обука за нашите пожарникари. 

Општина Крива Паланка повторно јавно ја изразува благодарноста до г-дин Јован Христовски, за несебичната помош и соработка при донирањето на ова веќе второ по ред противпожарно возило од Кралството Шведска.

Големина на фонт
Контраст