Реконструкција на ученичкиот дом „Боро Менков“

Во ученичкиот дом „Боро Менков“ Крива Паланка се одвива реконструкција на делот каде престојуваат учениците од основно и средно училиште. Проектот е финансиран од страна на Министерството за образование и наука на иницијатива на градоначалникот г.Арсенчо Алексовски и со поддршка на Општина Крива Паланка. Реконструкцијата е од поголем обем со оглед на тоа што од 1984 година нема позначајни инвестиции во овој ученички дом.

Градежните работи и набавките неопходни за уредување на домот се однесуваат на замена на врати, надворешна столарија, како и внатрешаната столарија во сутеренот во крило „В“. На површина од  458 m2, приземје и кат,  ќе бидат заменети старите и оштетени подови.  Се очекува и пуштање во употреба на парното греење за 24 спални соби и простории за заеднички активности. Реконструкцијата се очекува да заврши до 30 октомври 2012 година, а вкупната вредност  е 2.5 милиони денари.

 

Со оваа значајна инвестиција на Министерството за образование и наука на Република Македонија учениците сместени во ОУД „Боро Менков“ Крива Паланка конечно ќе добијат пријатен и безбеден ученички дом каде условите за живот и работа ќе ги достигнат европските стандарди.

Моментална состојба

 

 

 

 

 

 

Големина на фонт
Контраст