Известувања

ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ ВО УЧЕБНАТА 20010/2011 ГОДИНА

Согласно член 46  и 47 од Законот за основното образование (Сл. весник на Република Македонија“) бр.103/08 година и член 10 од Законот за просветната инспекција („Сл. весник на Република Македонија“) бр. 52/05 , им се соопштува на  сите родители дека во месец мај 2010 година ќе се врши упис на учениците во прво одделение во сите општински основни училишта.

Запишувањето на учениците во прво одделение е задолжително за сите деца кои до  крајот на  календарската година ќе наполнат шест години.

Уписите ќе се обавуваат во сите општински основни училишта согласно местото на живеење на ученикот. Основното училиште е должно да ги опфати учениците од својот реон.

Родителот, односно старателот на детето е должен да го запише детето во основно училиште и е одговорен за неговото редовно посетување на наставата.

При запишувањето  во прво одделение во училиштето треба да дојдат родителот или старателот заедно со детето. Задолжително со себе да понесат извод од матичната книга на родените и потврда за примените задолжителни вакцини за детето.

Подетални информации може да добијат од педагошко-психолошките служби во општинските основни училишта.

Општина Крива Паланка

Големина на фонт
Контраст