Есенска еко акција „Ајде Македонија“

На 6-ти октомври Општина Крива Паланка ќе спроведе акција за чистење во рамките на проектот „Македонија без отпад 2012“, организиран  од страна на Министерството  за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“. Акцијата ќе започне во  8,00 часот. Во оваа акција ќе бидат вклучен

  • Општина Крива Паланка
  • ООУ„Јоаким Крчовски“;
  • ООУ „ Илинден“;
  • СОУ „Ѓорче Петров“;
  •  Јавно комунално претпријатие„Комуналец“;
  • Подрачно одделение за заштита и спасување – Крива Паланка;
  • Подрачно одделение за управување со кризи – Крива Паланка;
  •  Граѓани кои се заинтересирани да дадат свој придонес во реализација на активностите предвидени со оваа акција.

Како активности за СОУ „Ѓорче Петров“, ООУ „Јоаким Крчовски“ и ООУ „ Илинден“ се предвидени:

  •  Поставување на Собирни пунктови на кои граѓаните и учениците би оставале стара хартија. Собраната хартија преку Асоцијацијата „Ајде Македонија“ ќе биде превземена од „Медиа Принт Македонија-МПМ“.
  • Уредување на училишните дворови и училишните простории. Собраниот комунален отпад да биде превземен од страна на ЈП Комуналец и транспортиран до градската депонија.
  • Реализирање на еколошки предавања на учениците според подготвени материјали од страна на „Ајде Македонија“.

Училиштата е потребно да ги евидентираат активностите на web страна на Ајде Македонија(ajdemakedonija.mk) .

Општина Крива Паланка определи четири локации на диви депонии кои се предвидени за расчистување:

  • Село Мождивњак, во близина на подрачното основно училиште;
  • Улица Климент Охридски  (Населба Цонев Рид);
  • Населба Единство;
  • Мотел Македонија и патот покрај долот кој води до Манастир „Св. Јоаким Осоговски“.

Во расчистување на овие диви депонии ќе бидат вклучени времено ангажираните лица од Општина Крива Паланка, а во расчистување на овие диви депонии можат да се вклучат и сите заинтересирани граѓани.

Собраниот смет од страна на  ЈП „Комуналец“ ќе биде транспортиран до градската депонија.

Во акцијата ќе бидат вклучени и вработените во Општина Крива Паланка, ЈП„Комуналец“ како и вработените во Подрачното одделение  за управување со кризи и Подрачното одделение  заштита и спасување кои ќе вршат чистење на речното  корито на Крива Река.

Општина Крива Паланка апелира до сите граѓани кои имаат лоцирано диви депонии истите да ги пријават најкасно до петок ( 05.10.2012 год.) до 16,00 часот до Овластениот Комунален инспектор Зоран Павловски, телефон 078353430 или во канцеларија број 36 во Општина Крива Паланка, како би можеле и тие диви депонии да бидат вклучени во оваа акција.

Сите овие активности од страна на Општина Крива Паланка ќе бидат регистрирани на web страна на Ајде Македонија   (ajdemakedonija.mk).