Да ги заштитиме децата во сообраќајот

МВР и Републичкиот совет за безбдност и оваа година продолжуваат со имплементација на проектот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Фокусот на предавањето беше ставен на тоа како децата безбедно да бидат учесници во сообраќајот и како да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Во ПООУ „Илинден“ во с. Конопница, на учениците од прво и второ одделение, од страна на претставници од Одделот за превенција во сообраќајот од Крива Паланка г. Стојмир Стефановски и г.Јонче Јакимовски им одржаа презентација во склоп на кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.

На учениците покрај презенатцијата на активностите од кампањата им беше презентиран и „Сообраќајниот буквар“ во електронска форма кој содржи едукативни кратки видео записи од областа на сообраќајот (учество на децата во сообраќајот, движење на децата по улица, премунување на улица, почитување на сообраќајните знаци, за семафорот и друго).

Целта на предавањето е подигање на свеста на учениците за побезбедно учество во сообраќајот.

 

Големина на фонт
Контраст