Спуштено фестивалското знаме на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“

Со свеченото  спуштање на фестивалското  знаме го означивме и крајот на овогодинешното четврто по ред  издание на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“.

 

Преполната сала во сите изминати осум фестивалски вечери покажа дека кривопаланчани умеат и сакаат да живеат со театарот, дека  се достојна и верна публика, љубопитна и жедна за секоја нова драмска приказна. Овогодинешната програма на квалитетни театaрски остварувања ја потврди заложбата на тимот од Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“, на чело со Градоначалникот  Арсенчо Алексовски, како идеен творец на овој амбициозен проект, фестивалот да има прогрес, да расте од година во година и да создава свој идентитет. 

Тоа впрочем го потврдија и сите учесници на фестивалот со нивните комплименти и воодушевувања од прекрасниот прием, како од  публиката така и од страна на организаторите и посакаа пак да бидат учесници на идното фестивалско издание, ветувајќи нови и интересни драмски изведби.Уште еднаш се покажа  дека сме достојни за организација и реализација на вака големи и амбициозни проекти од сферата на театрската уметност.

Ретроспективно, на годинешнава театарска сцена можеа да се видат претставите: УМОРНИ во иведба на културнит центар ,,Акорд“од Никшиќ, Р.Црна Гора, ЖЕНСКИ РАЗГОВОРИ од Народен театар „Бора Станковиќ“ од Врање, Р.Србија, НЕ ИГРАЈ НА АНГЛИЧАНИТЕ-Градски театар  од  Градишка-Босна и Херцеговина, претставата ГОСПОДИН БАЛКАНСКИ од Народниот театар „Невена Коканова“ Дуница- Р.Бугарија, ЛОВЦИ НА МИРАЗ-Уметничка работилница „Призор“-Белград, Р. Србија, АЈДЕ ДА СИ РЕЧИМЕ УШТЕ ЕДНА –Народен  театар од Охрид-Р.Македонија,претставата ДАЛИ ТОА БЕШЕ ПТИЦА – Народен театар „Стерија“ од Вршац-Р.Србија и претставата ОТВАРАЧ НА КОНЗЕРВИ-Народен театар од Штип.

Големина на фонт
Контраст